Црна хроника
Гевгеличани криумчареле имигранти од Сирија
Регионалниот центар за гранични работи Север до ОЈО – за организиран криминал и корупција Скопје, поднесе кривична пријава против лицата А.Ш.(28), и Р.Б. (33) од Гевгелија поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело – „криумчарење на мигранти“.
Двајцата се приведени и изведени пред судија за претходна постапка и од негова страна изречена им е мерка притвор во времетраење од осум дена..
Имено, на 30 јануари околу 03.30 часот од страна на Единицата за борба против криминал во скопската населба Автокоманда биле сопрени три возила и тоа ПМВ марка „БМВ“ со гевгелиски регистарски таблички управувано од А.Ш., потоа ПМВ марка „пасат фолксваген“ со велешки регистарски таблички управувано од Р.Б. и ПМВ „опел омега“ исто така со гевгелиски регистарски таблички управувано од трето лице при што во возилата „пасат фолксваген“ и „опел омега“ биле пронајдени 10 лица илегални мигранти од Сирија. Од извршениот разговор со приведените лица А.Ш. и Р.Б. утврдено е дека претходниот ден, односно на 29 јануари од страна на друго лице телефонски било побарано од Р.Б. услуга, односно тој со возило да оди за Скопје да однесе некои лица кои биле со валидни патни исправи и дека за таа работа ќе му бидат исплатени пари за бензин.
По разговорот Р.Б. веднаш се упатил на местото каде биле договорени односно кај училиштето во с.Богородица каде што тој земал 2 илјади денари и 20 евра. Лицата мигранти ги качиле во с.Богородица во двете посочени возила, а возилото „БМВ“ било претходница и истите се упатиле по автопатот Гевгелија – Скопје. Патувајќи кон Скопје требало да застанат во с.Катланово каде А.Ш. од двете возила во кои биле мигрантите земал 4 илјади евра.
Откако пристигнале во Скопје поточно во населба Автокоманда, А.Ш. и Р.Б. биле сопрени и приведени, додека третото лице кое управувало со „опел омега“ успеало да побегне во непознат правец оставајќи го возилото со лицата мигранти.
Илегалните мигранти по извршениот разговор се сместени во Прифатен центар за странци заради нивно обезбедување во кривичната постапка. Интензивно се работи на утврдување на инволвираноста и на други лица во случајот и негово целосно документирање и расчистување./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.