Црна хроника
Шеф на ловиште и ловочувар осомничени за незаконит лов
Шеф на државно ловиште и ловочувар на планината Осогово, наместо да се грижат за животните, се впуштиле во „незаконит лов“, при што користеле и службено возило и службено оружје.
Полициската станица од Кочани поднесе кривична пријава против В.Ч.(48) од Кочани за сторено кривично дело „незаконит лов“ и В.М.(58) од Кочани за „соизвршителство“. Во ноември 2013 година, В.Ч. како шеф на државно ловиште во ЈП „Македонски Шуми“ подружница Осогово со службено возило и службен ловен карабин во забрането ловиште на резерватот „Полаки“ острелал срна, додека В.М. како ловочувар во наведениот резерват во договор со В.Ч. острелал дива свиња./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Казни за 140 возачи, возеле над дозволеното
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 140 возачи.
Од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 86 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 54 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.
Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.
Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.