Црна хроника
Гевгеличанец криумчарел мигранти
Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против лицeто С.С.(31) од Гевгелија, поради основано сомнение за извршено кривично дело „криумчарење на мигранти“.
Имено, на 04.02.2014 година од страна на полицијата при граничниот премин Богородица било приведено наведеното лице, бидејќи за истото била распишана потерница поради основано сомнение за извршено кривично дело и поради претходна поднесена кривична пријава во која се посочува горепријавениот.Од објавениот разговор било констатирано дека на 29.01.2014 година пријавениот телефонски го побарало лице од Гевгелија, и му побарал услуга да превезе неколку лица до Скопје, при што пријавениот се упатил на местото каде биле договорени и ги земал илегални мигранти од Сирија.На пријавениот изречена му е мерка притвор во времетраење од 8 дена. Во врска со споменатиот настан РЦ за ГР “Север” на 02.02.2014 година поднесе кривична пријава против две лица. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.