Црна хроника
Украдени антиквитети во вредност од 10.000 евра
Антикварница во Скопје била мета на грабеж ноќта помеѓу вторникот и средата, при што непознат сторител одзел антиквитети во вредност од околу 600.000 денари.
Како што соопшти МВР, тешка кражба била извршена во Антикварница на бул. „Партизански Одреди“ во Скопје, при што непознато лице со погоден предмет ја отворил вратата и ги однел вредните антиквитети.Се преземаат мерки за откривање на сторителот. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Во судир помеѓу „бмв“ и мотоцикл, тешко повреден 23-годишник од Скопје
Вчера во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од регионалниот пат Скопје–Тетово и локалниот пат село Сарај–село Глумово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот С.О. од Република Турција, со престој во Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од 23-годишниот Ф.Ќ. од Скопје, извести МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, велат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Тешко повредена скопјанка, во неа удрил „опел“
Вчера во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Јордан Мијалков“ во Скопје, патничко моторно возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано 38-годишниот Ј.К. од село Марино, општина Илинден, удрило во пешакот, 64-годишната М.Г. од Скопје, извести МВР.
– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Г. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Уапсен Турчин на граничниот премин Ќафасан, на увид дал фалсификувана патна исправа
Денеска во 01.00 часот на Граничниот премин „Ќафасан“, полициски службеници го лишиле од слобода 48-годишниот Т.С.Т. од Република Турција затоа што при пасошка контрола било констатирано дека на увид приложил фалсификувана патна исправа, извести МВР.
Известен бил Јавен обвинител, а тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка.