Црна хроника
Ученик претепан во дворот на ДСУ “Марија Кири Склодовска“
Во средата во дворот на ДСУ “Марија Кири Склодовска“ две лица без повод и причина со боксови по лицето и телото физички го нападнале М.Д. (17), ученик во училиштето.
Нападот се случил околу 12 часот и 30 минути откако насилниците пристигнале на местото со патничко моторно возило „Фиат Пунто“.
Ф.И.(21) и А.Д.(22) откако во дворот на училиштето влегле со автомобилот му се приближиле на оштетениот и веднаш физички го нападнале по што го напуштиле местото и со возилото се упатиле во насока кон Драчево.
Возејќи со неприлагодена брзина напаѓачите изгубиле контрола над возилото и излетале од патот во канал по што лицето Ф.И. се здобил со телесни повреди и побарал лекарска помош во ГОБ Св.„Наум Охридски“.
По укажаната помош лицата се приведени и на истите им се издадени платни налози и записник за констатиран прекршок./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со трактор излетал од коловоз, тешко повреден маж во Виничко
Вчера, во 17 часот, во Полициската станица Виница било пријавено дека во село Трстија, Виничко, трактор „фергусон“, со штипски регистарски ознаки, управуван од 63-годишниот С. Ј. од село Нов Караорман, општина Карбинци, излетал од коловозот, извести МВР.
„Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот, констатирани во Клиничката болница во Штип“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од екипа на ОВР Виница.