Црна хроника
Полициска акција за апсење на напаѓачите од предновогодишните инциденти на Бит Пазар
Голема полициска акција во петокот во која се уапсени повеќе лица за кои полицијата имала информации дека биле инволвирани во предновогодишните нереди на скопски Бит Пазар при обид на полицијата да запленат поголема количина на петарди и други пиротехнички материјали.
Од МВР ја потврдуваат информацијата за апсењето но не откриваат повеќе детали. Нив ги најавуваат за подоцна во денот.
На 29 декември, минатата година полициските службеници беа спречени при контрола на Бит Пазар. Поголема група граѓани од локалното население ги нападнаа полицајците по што тие мораа да испукаат и предупредувачки истрели во воздух. Еден полициски службеник беше повреден./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мотоциклист удри во пешак на „Партизанска“, двајцата повредени
Синоќа, на булеварот Партизански одреди во Скопје, мотоцикл „дукати“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Е. П. (27) од Скопје, удрил во пешакот Н. Ѓ. (30) од с. Рашче, Скопско.
Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот, а мотоциклистот добил телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, објави МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.