Црна хроника
Жестока тепачка на навивачки групи во Охрид
Во саботата околу 14 часот спречен поголем инцидент откако полициските службеници во Охрид успеале да раздвојат две навивачки групи кои решиле меѓусебно физички да се пресметаат во близина на охридското пристаниште, соопштуваат од СВР Охрид.
Во инцидентот учествувале околу 50-тина млади луѓе, неофицијално членови на навивачките групи Куманово и МЗТ Скопје, информира локалната „Спектра ТВ“.
Во полициска станица се приведени десетина лица од двете страни, се работи на нивна идентификација и на утврдување на причините за инцидентот.
За време на инцидентот оштетени се и неколку возила кои се наоѓале во непосредната близина.
Сличен инцидент помеѓу две навивачки групи се случил и синоќа во Охрид по што исто така биле приведени неколку лица во полициската станица во Охрид.
Во Охрид деновиве се одржува кошаркарскиот Куп на Македонија./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.