Црна хроника
Струмичани криумчареле мигранти од Авганистан за 50 евра
Тројца струмичани криумчареле мигранти од Авганистан за 50 евра од лице. Двајца од нив се уапсени во средата додека го вршеле кривичното дело во Куманово, додека третиот е во бегство, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Во средата околу 21 часот полицијата во Куманово забележала три автомобили кои се движат со голема брзина во правец на автобуската станица, при што две од нив биле сопрени, додека третото возило се упатило во непознат правец.
Во едното возило, управувано од К.П. (51) биле пронајдени четири лица илегални мигранти без документи за идентификација по потекло од Авганистан, а во вториот автомобил, управуван од М.З. (49) биле пронајдени три мигранти исто така по потекло од Авганистан.
Од извршениот разговор со лицата, информира МВР, дознаено е дека се работи за организирана група која во повеќе наврати на точно определено место ги превземала мигрантите во близина на Ново Село, струмичко, поточно кај село Смоларе (во непосредна близина на границата со Бугарија), каде што непознато лице давало инструкции и по претходен договор им ги предавало на пријавените мигрантите кои потоа ги превезувале до паркот во близина на меѓуградска автобуска станица во Куманово. Од таму ги превземало непознато лице по потекло од Авганистан и истите се префрлувале до село Ваксинце и село Лојане, а понатаму преку Србија во земјите од ЕУ. За извршување на овие дејствија иситите требало да добијат по 50 евра од мигрант кои ќе им биле исплатени веднаш по враќањето во Струмица.
Полицијата поднесе кривична против К.П., М.З. и З.П. (29) за сторено кривично дело – “криумчарење на мигранти“ Лицата К.П. и М.З. се приведени во полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка, а за лицето З.П. е распишана потрага по лице, додека седумте мигранти државјани на Авганистан, се сместени во Прифатниот центар за странци.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против две лица од Струга: се расправале со гости во кафеана, оштетиле неколку автомобили, истепале охриѓанец, па биле агресивни со полицајците
ОВР Струга поднесе кривична пријава против 38-годишниот Б.С. и 36-годишниот С.К., двајцата од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „спречување на службено лице при вршење службени дејствија“, извести МВР.
„На 13.04.2024 во угостителски објект во струшката населба „Езерски лозја“, тие предизвикале расправија со присутните гости, а потоа пред објектот оштетиле неколку автомобили и физички го нападнале вработениот А.Н.(38) од Охрид, кој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Струга“, соопшти МВР.
Двајцата агресивно се однесувале и кон полициските службеници кои пристигнале на местото и преземале службени дејствија.
Црна хроника
Кривична против четворица охриѓани, изградиле станбен објект без одобрение за градење
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 79-годишниот М.А., 60-годишниот В.М., 58-годишниот Ј.К.К. и 49-годишниот С.Т., сите од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“, извести МВР.
„Тие, на катарстарска парцела во Охрид, спротивно од Законот за градење и без да поседуваат правосилно одобрение за градење издадено од надлежен Државен орган, изградиле станбен објект“, соопшти МВР.
Црна хроника
Кривични против две лица: измамиле сопружници од Струмица за 182.000 денари
СВР Струмица поднесена кривична пријава против 32-годишниот Б.Н. од Скопје и 24-годишниот З.М. од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“, извести МВР.
„Пријавените, на почетокот на мај 2023 измамиле сопружници од Струмица на начин што понудиле да им помогнат за брзо аплицирање на кредит во висина од 900.000 денари, по што во неколку наврати им дале вкупно 182.000 денари“, соопшти МВР.