Црна хроника
Соработник на National Geographic почина од каснување на змија
Еден од водителите на телевизиската емисија „Snake Salvation“ на каналот National Geographic починал по каснување на змија во американската сојузна држава Кентаки, пренесува ноќта кон понеделникот телевизиската мрежа CBS.
Полицијата во американскиот град Мидлсборо во државата Кентаки добила повик за напад на отровна змија на човек ноќта кон неделата, а според локалната полиција инцидентот се случил во месната црква.
Кога полицијата пристигнала на местото на настанот открила дека жртва на каснувањето н арептилот е пасторот Џејми Кутс, кој снима со отровници за програмата „Snake Salvation“ на каналот National Geographic. Полицајците и медицинската екипа го пронашла Кутс во неговиот дом и останале со него 40 минути, но тој одбил да биде хоспитализиран. Откако по еден час лекарите се вратиле во контрола, констатирале дека пасторот починал.
И претходно дејноста на пасторот Кутс го провлекуваше вниманието на полицијата, Во јануари 2013 година тој беше приведен за нелегален транспорт ба три ѕвечарки и две ткн мокасин змии низ градот Нксвил во сојузната држава Тенеси. Судот и конфискуваше влекачите, а Кутс кој ја призна вината го осуди на една година затвор условно.
Според телевизиската мрежа CNN, Кутс бил следбеник на Пентекостите и пастир на црквата „Full Gospel Tabernacle in Jesus Name“. Заедно со неговиот партнер Ендрју Хемблин снимаа за програмата „Snake Salvation“ во која изведуваат религиозни церемонии со отровни змии, коишто, според неговата вера, се смета за служење на Бога. Кутс и Хемблинн веруваа дека доколку човек верува во Бога каснувањето од змија не може да биде смртоносно за него./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против битолчанец, ставил под хипотека туѓ недвижен имот во Охрид и стекнал корист од 352 илјади денари
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 61-годишниот К. Р. од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела неизвршување судска одлука и самовластие.
„Тој, свесно и спротивно на судска пресуда, става под хипотека недвижен имот во Охрид сопственост на друго лице и на тој начин стекнал противправна имотна корист од 352.000 денари“, велат од СВР Охрид.
Топ
Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против правно лице од Скопје за сторено кривично дело узурпација на недвижности од чл. 225 од КЗ на РСМ.
А. Р. како сопственик и управител на второпријавеното правно лице подолг временски период противправно завладеал имот, сопственост на државата, и го ставил во владение на своето правно лице.
Имотот што се наоѓа веднаш до цветниот пазар зад Поликлиниката ‘Бит-пазар’ во Скопје, кој претставува градежно неизградено земјиште во општа употреба во сопственост на државата, А. Р. противзаконски го оградил со наплатна рампа и куќарка за наплата на влез-излез на предметното земјиште, каде што за секој влез-излез наплаќал соодветен паричен надомест и на тој начин го оневозможил слободното движење и користење на предметниот простор од страна на граѓаните и институциите на РСМ.
Црна хроника
Уапсен 39-годишник од Студеничани, возел „џип компас“ евидентиран во базата на Интерпол како украден
Вчера попладне, во 15.40 часот, на граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода 39-годишниот Џ. Р. од село Црн Врв, општина Студеничани, извести МВР.
„При извршена гранична контрола било констатирано дека патничкото возилото ‘џип компас’, со италијански национални ознаки, кое го управувал, сопственост на правно лице од Италија, е евидентирано во базата на Интерпол како украдено“, соопшти МВР.
Тој бил задржан во Полициското одделение Мирковци, а возилото било одземено за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.