Црна хроника
Матичарка овозможила бигамија

Матичарка од Скопје овозможила склучување на брак помеѓу две лица иако знаела дека едното од нив веќе е венчано.
Педесет и шестгодишната М.Р., матичарка во месна канцеларија Шуто Оризари на 13. 10. 2010 година примила „Записник за прием на пријава за стапување во брак“ помеѓу лицата А.М. од Скопје и А.Р. од Белград и го потврдила со свој потпис.
Во прилог на записникот биле доставени изводи од матичните книги на двете лица каде во рубриката „забелешки“ било наведено дека лицето А.М. во 1989 година склучил брак со лице од Митровица – Косово.
Меѓутоа, овој важен податок М.Р. не го внела во службените книги за потоа да може барањето за стапување во бракда биде одбиено се додека не се достави доказ за престанок на претходниот брак.
Прифаќајќи ги доставените изводи како уредни документи, иако била должна да го одбие барањето за склучување брак како неосновано, матичарката го склучила бракот помеѓу А.Р. и А.М., спротивно на законските прописи и истиот на 13.10.2010 година своерачно го запишала во матичната книга на венчани во МК Шуто Оризари каде со своерачен потпис во својство на службено лице го потврдила бракот.
Преку секторот за меѓународна полициска соработка биле извршени проверки со Косово и било утврдено дека бракот на А.М. не е прекинат. Со ова, на А.М му овозможила „двобрачност“ а воедно на брачните другари им овозможила да се служат со изводи со невистинита содржина и во правниот промет да ги остваруваат своите права што произлегуваат од бракот.
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против М.Р., заради постоење на основано сомнение дека сторила кривично дело „фалсификување службена исправа“. крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Младо момче од Матејче се судрило со полициски „спарк“, има петмина повредени

На 05.02.2023 околу 21.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од улиците „Иво Лола Рибар“ и „Пиринска Македонија“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.И.(19) од село Матејче, Липковско и патничко возило „шевролет спарк“, сопственост на МВР.
Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајца полициски службеници од полициското возило, возачот на возилото „фолксваген“ и двајца негови сопатници, Б.Р. и А.Р., констатирани во Општа болница Куманово.
Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот.
Црна хроника
Скопјанец фатен како пренесува над половина килограм марихуана во автомобил

Скопјанец е фатен како пренесува над половина килограм марихуана во автомобил.
Според информациите, во саботата, на улицата Методија Митевски во Скопје, како сопатник на задно седиште во автомобил, осомничениот неовластено пренесувал 507,4 грама наркотична дрога марихуана во поголема кеса. При претрес на возилото полициски службеници ја откриле и ја одзеле дрогата наменета за неовластена продажба.
Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 29-годишникот под сомнение за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Бидејќи постои опасност осомничениот да се даде во бегство, да влијае врз сведоците, но и да го повтори делото за кое против него и претходно се воделе други постапки, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.
Црна хроника
Сообраќајна несреќа кај Качанички Пат

Сообраќајна несреќа утрово се случи кај Качанички Пат.
Движењето на улицата е отежнато, информираа од Центарот за управување со кризи.
Според првичните информации, нема загинати патници.