Црна хроника
Уапсен познат скопски дилер
Триесетдневен притвор доби познат 42-годишен препродавач на дрога од Скопје, кој од 2012 година до почетокот на 2014-та, од засега непознато лице купил неутврдено количество марихуана и хероин, кои го препакувал за улична продажба и ја продавал на зависници од Скопје.
Осомничениот иднетификуван со иницијалите Д.М., продажбата на дрогата, најчесто ја вршел од својот дом, како и со своето возило, разнесувајќи ја на претходно договорени места на подрачјето на градот.
Единицата за недозволена трговија со дроги на скопската полиција, по добиеното сознание дека пријавениот и покрај поднесените четири кривични пријави за недозволена трговија со дрога, за кои од надлежен суд му се изречени три казни затвор, сé уште се занимава со недозволена трговија, презела оперативно мерки и активности за обезбедување материјални докази. Во текот на следењето на осомничениот, биле притворени три лица, кај кои при личен претрес биле пронајдени три хартиени паковки марихуана, за кои рекле дека ги купиле од пријавениот.
Покрај ова, постапувајќи по добиените сознанија минатата недела, 17-ти февруари, со наредба од судија на претходна постапка, од страна на полициски службеници извршен е претрес во домот на притворениот при што се пронајдени и одземени 147,27 грама марихуана и 0,58 грама хероин, како и други прашкасти и тревкасти материи во различни пакувања, кои се доставени за вештачење./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.