Црна хроника
Обвинителството нареди истрага против осум лица за кражбите во Музеј на Македонија

Основното јавно обвинителство Скопје во четврток нареди истражна постапка против осум лица кои се осомничени за кражба на 162 археолошки предмети од Музејот на Македонија во периодот од ноември 2011 до октомври 2013 година.
„Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна постапка, а во врска со пријавата дека од Музејот на Македонија биле украдени 162 археолошки предмети, на ден 27.02.2014 година, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против лицата В З, К-С С, Ј П, К Ч, К П, К Ј, К Д, Е А поради постоење на основано сомневање дека во временскиот период од месец ноември 2011 година до крајот на месец октомври 2013 година сториле повеќе кривични дела и тоа : „Присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ од чл.265 од Кривичниот Законик, „Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 од Кривичниот Законик и „Несовесно работење во службата“ од чл.353-в од Кривичниот Законик“, се наведува во соопштението на ЈО.
Ваквата наредба на Обвинителството произлегува од прибавените докази, извршените претреси, одземените предмети и документација, поголем број на инвентарни книги, влезни и излезни книги, депојна книга и извештај од археолошки ископувања.
Исто така, ОЈО Скопје ќе побара од Основниот суд Скопје 1 да определи мерка притвор за осомничените.
Полицијата денеска спроведе акција за кражбата на вредни артефакти од Музејот на Македонија во која беа приведени неколку лица меѓу кои и актуелниот и еден поранешен директор на Музејот. крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Младо момче од Матејче се судрило со полициски „спарк“, има петмина повредени

На 05.02.2023 околу 21.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од улиците „Иво Лола Рибар“ и „Пиринска Македонија“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.И.(19) од село Матејче, Липковско и патничко возило „шевролет спарк“, сопственост на МВР.
Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајца полициски службеници од полициското возило, возачот на возилото „фолксваген“ и двајца негови сопатници, Б.Р. и А.Р., констатирани во Општа болница Куманово.
Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот.
Црна хроника
Скопјанец фатен како пренесува над половина килограм марихуана во автомобил

Скопјанец е фатен како пренесува над половина килограм марихуана во автомобил.
Според информациите, во саботата, на улицата Методија Митевски во Скопје, како сопатник на задно седиште во автомобил, осомничениот неовластено пренесувал 507,4 грама наркотична дрога марихуана во поголема кеса. При претрес на возилото полициски службеници ја откриле и ја одзеле дрогата наменета за неовластена продажба.
Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 29-годишникот под сомнение за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Бидејќи постои опасност осомничениот да се даде во бегство, да влијае врз сведоците, но и да го повтори делото за кое против него и претходно се воделе други постапки, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.
Црна хроника
Сообраќајна несреќа кај Качанички Пат

Сообраќајна несреќа утрово се случи кај Качанички Пат.
Движењето на улицата е отежнато, информираа од Центарот за управување со кризи.
Според првичните информации, нема загинати патници.