Црна хроника
Девојка остана неповредена по скок од мостот Гемиџии
Млада велешка од засега непознати причини во саботата вечерта скокнала од мостот Гемиџии во Вардар. Според првични информации девојката минала без телесни повреди, но била многу вознемирена.
Реката за овој период од годината е со низок водостој па девојката по кратко време застанала до еден од колтуците.Очевидци за Лисица.мк раскажуваат дека девојката го соблекла палтото и скокнала во Вардар. Немилиот настан го виделе и две момчиња кои веднаш влегле во реката и помогнале девојката да остане до колтукот додека на помош нестигнале кајакарите и екипата на Итната медицинска служба.„Ги видов момчињата како ја држат девојката доле, брзо дојдоа и кајакарите и ја изнесоа девојката на сува. Девојката е жива, нешто зборуваше, веднаш стигна и Брзата помош и ја однесоа“, рече еден од очевидците на немилиот настан. Девојката е згрижена на интерното одделение во велешката болница, вели за Лисица.мк др.Силвана Мишкова.„Кај девојката не се констатирани никакви телесни повреди.Таа е повеќе вознемирена и се очекува да биде пренесена на лекување на одделението за Невропсихијатрија“, рече др. Мишкова, портпарол на Општа болница Велес.Лекарски преглед добија и момчињата кои први и помогнаа на девојката.И кај нив лекарите не констатирале никакви повреди. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.