Црна хроника
Украдени четири икони од црквата во Јанче
Пет четири икони и околу 2.000 денари украдени се од црквата Св Богородица од долнореканското село Јанче од страна на непознат сторител.
Кражбата е пријавена во недела изутрината, а во тек е увид од страна на СВР Тетово.Според информации на жителите на Јанче, крадецот влегол преку олтарското пенџере, кое целосно го ископал.Армиите се обиделе да ја ограбат и црквата Св.Архангел Михаил во едно од соседните села Битуше, но се вклучил алармот и за среќа од оваа црква ништо не било украдено.
Во меѓувреме до полицијата пристигна и пријава дека е ограбена црквата во реканското селото Ничпур, каде се очекува во текот на денот да биде извшрен увид.
Од почетокот на годината, на поширокото гостиварско подрачје регистрирани се десетина тешки кражби во православни храмови. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.
Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.
Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.
Црна хроника
Кривична за вработен во Национални шуми
Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(49) од Скопје, вработен во ЈП „Национални Шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.
На 17.07.2023, пријавениот потпишал службена исправа во која внел неточни податоци за количината на натоварените дрва, со намера да се стекне со противправна имотна корист, објави МВР во дневниот билтен.