Црна хроника
Украден сефот со 120 илјади денари од поштата во Скопје-Север
Филијалата на „Македонска пошта” на улицата Тале Христов во скопската населба Скопје – Север, беше ограбена во понеделникот вечер од страна на непознати лица.
При грабежот, арамиите ја демолирале главната врата, при што насилно влегле во подружницата и го украле поштенскиот сеф. При инцидентот немало повредени граѓани, ниту, пак, вработени на „Македонска пошта”. Сумата на финансиски средства што е земена заедно со сефот изнесува 120.000 денари и е под касовиот максимум од 150.000 денари според правилата на „Македонска пошта”.
Кражбата била извршена ноќеска, а пријавена утринава кога вработените во таа филијала пристигнале на работа. Откако забележале дека недостига поштенскиот сеф, вработените веднаш ја известиле полицијата, како и раководството на „Македонска пошта”, по што пристигнал тим од полициската станица во Чаир да го испита местото на кражбата, како и тим за внатрешна контрола на компанијата.
Во моментов, полицијата прави увид на местото и трага по непознатите сторители. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.