Црна хроника
Палестински азилант криумчарел мигранти
Палестински државјанин со признаено право на азил во Македонија криумчарел мигранти. Тој како дел од поголема меѓународна криминална група подолг временски период прифаќал превезувал мигранти од блискиот и средниот Исток.
А.А. (48) на 26 минатиот месец, по претходен договор со непознати лица од Грција и Куманово организирал прифаќање и транспорт на шест лица – еритрејски државјани, кои од Грција илегално влегле во Македонија, а истите требало да се транспортираат од подрачјето на Гевгелија до кумановскиот регион. За таа цел телефонски ги ангажирал лицата Б.Г. (41) и Е.А. (44) двајцата од Скопје, кои во организација и добиени инструкции од страна на А.А., ги прифатиле мигрантите на подрачјето на Гевгелија и требало да ги транспортираат до кумановскиот регион.Во Гевгелија на Б.Г. и Е.А. им се приклучил и А.А. со друго возило, по што се упатиле заедно кон Куманово, при што од страна на полициска патрола, во близина на Демир Капија, Б.Г. и Е.А. биле запрени и истите биле приведени во полициска станица во Неготино и против нив е поднесена кривична пријава за кривично дело „криумчарење мигранти”.
По преземени дополнителни мерки и активности, од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, идентификувано е лицето А.А., по што завчера (04.03.) истиот е приведен и против истиот е поднесена кривична пријава поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „oрганизирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе и криумчарење мигранти” „криумчарење на мигранти”.
Од страна на истражен судија, на А.А. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.