Црна хроника
Минчо Јорданов, Трифун и Коста Костовски сведочеа во „Шпион“
Бизнисмените Минчо Јорданов, Трифун Костовски и неговиот син Коста во петок (14-ти март) сведочеа на судењето за случајот „Шпион“, во кој 19 лица се осомничени за шпионажа, уцена, измама, послужување во службата, недозволено изработување, држење и тргување со оружје, изнуда, злоупотреба на државна службена или воена тајна, оддавање државна тајна и злосторничко здружување.
Пред судот, прв даде исказ Минчо Јорданов кој зборуваше за неговите врски со еден од осомничените – Мичо Насковски, кој беше на чело на бордот директори на градежната компанија „Бетон” и кој, како што сведочеше Јорданов, му упатувал уцени, закани и побарувања од милионски суми откако бил отстранет од оваа функција. Заканувачките пораки биле објавувани на интернет порталот на новинарот Зоран Божиновски „Буревесник”.
На прашањето на судијата зошто прекинала соработката меѓу него и Насковски, Јорданов појасни дека во 2007 година го поставил Насковски за претседател на бордот директори на „Бетон” затоа што сметал дека е компетентен за таа положба и за остварување добри резултати на компанијата. По извесен период било утврдено недомаќинско работење од страна на Насковски и неговите соработници, и тие биле отстранети од компанијата.
По овој настан, рече пред судот Јорданов, почнал да добива пораки, закани и уцени со барање да му се исплатат пари кои наводно му ги должел на Насковски, иако, како што сведочеше Јорданов, тој за својата работа бил соодветно исплатен.
Заканите и уцените биле објавувани на порталот на новинарот Зоран Божиновски „Буревесник”, еден од осмничените во „Шпион”. Јорданов тврди дека зад сите закани стои Насковски.
Во октомври 2009 година во просториите на компанијата „Макстил” се одржал состанок на кој присуствувале Јорданов, Насковски, Зоран Витанов и Марјан Маџовски, шефот на кабинет на претседателот на Собранието,Трајко Вељаноски кои го убедувале дека барањата на Насковски се основани и дека му должи пари. Насковски во таа прилика барал милионски суми, а Јорданов тврди дека немал никакви обврски кон него по заминувањето од „Бетон”. Како што сведочеше Јорданов, Маџовски на состанокот бил единствен кој рекол дека, сепак, не постои писмена потврда дека Јорданов му должи нешто на Насковски.
На прашањето на Насковски упатено до Јорданов дали на состанокот во 2009 година тој побарал да се поднесе кривична пријава против Божиновски, Јорданов одговори потврдно.
Поранешниот градоначалник на Скопје, Трифун Костовски, во неговото сведочење рече дека на Горан Стојков му дал финансиска помош за основање фирма, а со Мичо Насковски дека се дружел приватно. На прашање на судијата дали некогаш новинарот Божиновски барал пари од него, одговори негативно и рече дека од него добивал само уцени дека ќе објавува текстови за скандали во ракометот.
И синот на Костовски, Коста, сведочеше дека Божиновски не барал пари од него, туку барал средба и му се заканувал дека ако не се одржи ќе објави докази за местење спортски натпревари.
Судскиот процес за „Шпион” почна на 27-ми јануари, а осомничените беа уапсени во септември 2013 година. Божиновски беше уапсен два месеци подоцна во Нови Сад. /крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.