Црна хроника
Вооружен маж уби полицаец и рани тројца во училиште во Бугарија
Еден бугарски полицаец е убиен а тројца се ранети кога врз нив запукал вооружен маж кој им се заканувал на ученици и директор на училиштето во градот Лјасковец, пренесуваат медиумите повикувајќи се на локалната полиција.
Бугарскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Цветелин Јовчев изјави дела 53-годишниот Петко Петков пукал кон полицајците, а пота се затворил во неговиот стан наспроти училиштето коешто било затворено во тоа време.
„Во текот на полициската операција, која сега е завршена, мажот е повреден”, изјавил министерот Јовчев во Народното собрание (парламентот) во врска со инцидентот во Лјаскoвец, во централниот дел на Бугарија, околу 220 километри источно од главниот град Софија.
Полицијата наведува дека Петков отворил оган врз припадниците на секторот за борба против тероризмот, кога тие дошле да го испитуваат во врска со заканувачките писма што подолг период му ги испраќал на директорот жалејќи се на буката и заканувајќи им се на учителите и учениците. Директорот на училиштето, Николај Кожухароф, изјавил дека Петков, кој бил со нарушено социјално и насилно однесување и против кого пред две години требало да биде спроведена слична истрага, се жалел дека нему и на неговата мајка им пречи буката што ја прават децата во училишниот двор. /крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.