Црна хроника
Браќа нападнале полицајци во полициска станица
Дваесет и тригодишен охриѓанец и неговиот помлад брат во саботата наутро нападнале полициски службеници во станицата во Охрид, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Н.Д. (23) утрово во 2.30 часот неповикан влегол во холот на полициската станица и физички ги нападнал полицајците кои работеле на претходно нарушен јавен ред и мир во кој учесник бил неговиот брат А.Д. (20). Иако соочени со неочекуваниот физички напад, полициските службеници го совладале Н.Д. како и веќе повиканиот А.Д. кој ја искористил ситуацијата и на страната на неговиот брат се приклучил во физичкиот напад врз полицајците.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против браќата за сторено казнено дело „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста”, а по консултација со јавен обвинител се лишени од слобода./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.