Црна хроника
Надлежните трагаат по родителите на бебето за кое лекарите се сомневаат дека е злоставувано
Надлежните се уште трагаат по родителите на бебето кое во неделата беше оставено на улица во Центар, а кај кое докторите од Детската клиника во Скопје утврдиле видливи телесни повреди кои разбудија сомнеж дека бебето било злоставувано.
Женското бебе во недела беше пренесено во болница откако случаен минувач пријавил во полиција дека на автомобил на ул. „Никола Вапцаров” во строгиот центар на Скопје, пронашол бебе. Според очевидецот, бебето го оставил непознат маж.
Лекарите велат дека бебето е надвор од животна опасност, но дека има сериозни повреди на главата и задникот. Од Детската клиника се сомневаат дека бебето можеби било злоставувано.
Полицијата работи на откривање на идентитетот на бебето и на сторителот.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.