Црна хроника
Таткото го оставил пронајденото бебе на улица во Центар
Таткото го оставил бебето што беше пронајдено на автомобил во центарот на Скопје во саботата навечер, потврди полицијата.
Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, информираше во понеделник дека полицијата целосно го расветли случајот со оставеното бебе на ул. „Никола Вапцаров”. Утврдено е дека таткото го оставил бебето на хауба на автомобил во саботата навечер, а мајката го пријавила детето за исчезнато во полиција по 12 часа.
На инцидентот му претходела расправија во саботата навечер на плоштадот, кога таткото во алкохолизирана состојба се заканувал дека ќе го земе бебето за да питачи со него. Како што рекла жената пред полицијата, таа ја одбила ваквата идеја, по што таткото го зел бебето и избегал. Таткото им изгледал сомнително на група граѓани кои почнале да викаат по него и да го прашуват каде оди со бебето. Во паника, тој го фрлил бебето на хаубата, а граѓаните пријавиле во полиција. Случајот почнал да се расветлува во неделата наутро кога мајката го пријавила исчезнувањето во полиција.
„На 16.03.2014 год. во 10.30 часот, А.Х.(30) од Скопје пријавила дека на 15.03.2014 год. околу 23.00 часот на плоштад Македонија додека се движела со нејзиното седум месечно бебе и нејзиниот вонбрачен сопруг (татко на бебето) И.Р. истиот го побарал бебето за да ја носи по кафулињата и да проси. Бидејќи И.Р. бил видно под дејство на алкохол таа не му дозволувала да го земе бебето, по што настанала расправија и истиот и го грабнал бебето од раце и почнал да бега а таа викала по него по што и обезбедувањето од кафулињата се стрчале по него но не успеале да го фатат. А.Х. го барала цела ноќ бебето низ Центар, а воедно истата појаснила дека често била малтретирана и тепана од нејзиниот вонбрачен сопруг“, стои во соопштението на Министерството за внатрешни работи.
Јанкулоска изјави дека против таткото ќе биде поднесена кривична пријава за семејно насилство, запоставување на малолетник и предизвикување опасност.
Министерството за труд и социјална политика информираше дека ќе започне постапка за одземање на родителското право на родителите над малата Мевљан и дека бебето ќе биде сместено во Домот за доенчиња Битола.
Од Детската клиника утрово информира дека женското бебе е во добра здравствена состојба, а во неделата лекарите утврдија повреди на неговото тело во пределот на главата и задникот кои побудија сомнеж за злоставување./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.