Црна хроника
Акција „Аполон“: Ископувале стари гробови и археолошки локалитети низ Македонија
Осумчлена криминална група вршела нелегални ископувања на стари гробови и археолошки локалитети во Валандовско-гевгелискиот регион и на други локации низ државата, а пронајдените предмети со културно-историска и археолошка вредност како и иконите со непроценлива вредност ги продавале во Македонија и странство, соопшти министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
Акцијата „Аполон” во која во четврток (20 март) беа уапсени седум лица од Македонија и еден државјанин на Бугарија е продолжение на дејствијата преземени во рамки на акцијата „Фаланга”.
Криминалната група од почетокот на 2013 година од археолошки локалитети на територијата на Валандовско-гевгелискиот регион и на други локации на територијата на Македонија вршела нелегални ископувања на предмети со културно-историска и археолошка вредност, нивно присвојување и илегално продавање во Македонија и странство, како и продажба на икони со непроценлива вредност за културното наследство на Македонија, за кое МВР се сомнева дека потекнуваат од зачестените кражби во цркви во текот на изминатиот период.
Еден од нив бил одговорен за посредување при продажба на археолошките предмети, а останатите припадници на криминалната група биле задолжени на подрачјето на Валандово и Гевгелија да организираат помали групи од лица кои ги вршеле нелегалните ископувања.
Во текот на вчерашниот ден полицијата извршила претрес на дом и други простории на седум локации во Гевгелија и на по една локација во Струмица и Валандово, при што пронајдени се: икони, различни археолошки фигури, фибули, делови од накит, метални парички, керамички садови, скенер со мала и голема сонда со камера, метал детектор, разни метални сонди, тефтери со записи и скици од археолошки локации, разни мапи, фотографии од артефакти, цедиња со артефакти, пиштол, револвери, пушка и муниција
Полицијата поднесе кривична пријава против осумте лица на возраст од 46 до 63 години, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „злосторничко здружување”, „тешка кражба”, „оштетување или уништување културно наследство”, „отуѓување на културно наследство од особено значење во државна сопственост”, „прикривање” и „помагање”.
Предметите пронајдени при претресите, ќе бидат предадени за понатамошно вештачење и стручна идентификација.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.