Црна хроника
Разбојници под закана со нож барале пари од жител на Драмче
Непознати лица во село Драмче, делчевско, во петокот околу 20 часот и 40 минути со удари по главата и телото го нападнале Т.Р. (44) кој бил во дворот на својата куќа, а потоа го врзале и со закана со нож од него барале да им даде пари, соопштуваат надлежните во Министерството за внатрешни работи.
Откако жртвата им кажала дека нема пари, разбојниците влегле во куќата, извршиле пребарување и притоа одзеле 1.100 евра, 2.000 денари, 10 лева и еден мобилен телефон.
По преземени мерки пронајдени и приведени се две лица А.Д.(32) и П.Т.(34), двајцата од Свети Николе, поради сомневање дека тие се можни сторители на кривичното дело.
По целосно документирање на случајот против истите ќе биде поднесен соодветен поднесок./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.