Црна хроника
Германската царина открила презервативи со дрога за Ватикан
Германските цариници заплениле пакет со одредиште на адреса во Ватикан, во кој се наоѓале 14 презервативи со кокаин, пишува во неделата весникот Bild am Sonntag.
Кутија со 340 килограми кокаин процент на износ од околу 40 илјади евра, била откриена уште во јануари годинава на меѓународниот аеродром во Лајпциг.
Дрогата, испратена од една јужноамериканска држава која не се споменува во информацијата, , била ставена во презервативи во течна форма и адресирана на главното седиште на Ватиканската пошта.
Властите го предале пакетот на ватикански полицаец, кој требало да следи и да го уапси лицето коешто ќе дојде да го подигне пакетот.
Меѓутоа, од јануари никој не се обидел да дојде до споменатиот пакет со дрога, пишува весникот и додава дека германската полиција смета дека непознатиот примател најверојатно бил предупреден. Истрагата сé уште е отворена, додале изворите.
Истрагата сé уште е отворена и ја води Канцеларијата на Интерпол во Ватикан, заедно со германската полиција. Германската царина, пак, не била достапна за коментирање на случајот, додава AFP. /крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Казни за 153 возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (18.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 153 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 28 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, девет мерки за користење мобилен телефон при возење.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.