Црна хроника
Бугарски бизнисмен уапсен заради криминал во Македонија тежок половина милион евра
Бугарски бизнисмен, сопственик и управител на градежната фирма “Интернешенал Инвестмент Груп” ДОО од Скопје, е уапсен поради постоење на основано сомневање за сторен финансиски криминал тежок 455.000 евра.
Како што соопшти Управата за финансиска полиција, уапсениот Љ.П(42) се сомничи дека потпомогнат од второпријавениот О.М(27), државјанин на Република Бугарија и третопријавениот Џ.Д(42), државјанин на Република Македонија, со цел да се стекне со противправна имотна корист, во периодот од 01.01.2012 година до 28.02.2014 година, свесно и со однапред утврдена намера поднел Даночни пријави на данок на додадена вредност со фиктивни податоци.
Врз основа на ваквите даночни пријави, бугарскиот бизнисмен успеал да изврши поврат на ДДВ во износ од 225.000 евра за кој износ го оштетил Буџетот на Република Македонија.
Со цел да се стекне со уште поголема материјална корист и да добие на располагање парични средства во кеш, првопријавениот Љ.П(42) со помош на второпријавениот и третопријавениот, од име на фирмата “АИГ Интернешенал Консалтинг” изготвиле 2 (две) фиктивни фактури на износ од вкупно 1.046.295 евра, и од име на фирмата „Сан Фармерс – Фуд” изготвиле 3 (три) фиктивни фактури на вкупен износ од 840.000 евра.
Врз основа на добиените 3 (три) фиктивни фактури од Сан Фармерс – Фуд, првопријавениот Љ.П(42) како сопственик и управител на фирмата “Интернешенал Инвестмент Груп” во повеќе наврати во периодот 2012 – 2013 година префрлил парични средства во вкупна вредност од 439.000 евра на фирмата Сан Фармерс – Фуд за наводно извршени работи како подизведувач на градежните работи кои ги изведувала “Интернешенал Инвестмент Груп” на територијата на Република Македонија иако основна дејност на Сан Фармерс – Фуд е трговија на големо со месо и производи од месо, нема ниту еден вработен, нема деловен простор, ниту пак било каква опрема за изведување на градежни работи.
Третопријавениот Џ.Д(42) кој е овластен потписник на сметката на фирмата Сан Фармерс – Фуд, уште истиот ден кога парите биле уплатени на сметката ги подигал во готово од банкарската сметка на Сан Фармерс – Фуд ДООЕЛ од Скопје отворена во НЛБ Тутунска Банка – Скопје и истите му ги враќал на првопријавениот Љ.П(42). Со цел да ја избегнат сомнителноста на трансакциите кои банката е должна да ги пријави до надлежните институции, прво и третопријавениот парите ги уплаќале и ги извлекувале од сметката на Сан Фармерс – Фуд ДООЕЛ Скопје во готово во помали износи кои не надминувале 900.000,00 денари.
Со цел да го прикрие делото првопријавениот Љ.П(42) изготвил и поднел завршни сметки за 2012 и 2013 година со невистинити податоци за приходи и расходи, и на тој начин ја намалил добивката и затаил данок на добивка во износ од 230.000 евра.
Поради тежината на стореното кривично дело и износот на причинетата штета, по барање на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Скопје на првопријавениот бугарски бизнисмен Љ.П(42) , од страна на судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1-Скопје изречена му е мерка притвор во траење од 30 дена, додека второ и трето пријавениот во моментов се недостапни за органите на прогонот.
Акцијата за откривање и документирање на случајот, Финансиската полиција ја спроведе во соработка и со помош на Царинската управа на Република Македонија и Управата за јавни приходи. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 23-годишник осомничен за кривично дело тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.
Ноќта меѓу 31 март и 1 април, осомничениот, заедно со уште три лица, провалил во затворен маркет на улицата Востаничка во Скопје, одзеле метален сеф во вредност од 12.000 денари, дневен промет во износ од 228.000 денари и цигари вредни 45.000 денари, или сѐ во вкупна вредност од 285.000 денари.
Со возило пристигнале пред маркетот, со употреба на погоден алат – хебла, клешти и друго дејствувале врз влезната врата од маркетот, но не успеале да ја отворат. Еден од сторителите го стартувал возилото и удрил со задниот дел кршејќи ги двете лизгачки врати. Потоа тој и другите осомничени ги демонтирале и ги поставиле покрај влезот од маркетот. Преку така направениот отвор, сега осомничениот, заедно со другите лица, влегол во просторијата наменета за вработените, од каде што ги одзеле металниот сеф со дневен промет и цигарите, па заминале во непознат правец.
Бидејќи постојат околности што очигледно укажуваат на опасност од бегство, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор на осомничениот. Полицијата соопшти дека работи на откривање на неговите соучесници.
Црна хроника
Казни за 153 возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (18.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 153 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 28 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, девет мерки за користење мобилен телефон при возење.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.