Црна хроника
Откриено оружје во автомеханичарски сервис во Сарај
Големо количество оружје и муниција пронашла полицијата во автомеханичарски сервис и куќа во Сарај, соопшти во четврток Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
„Денес, по добиени оперативни сознанија дека 34-годишно лице од Сарај држи поголема количина оружје и муниција и обезбедена добиена наредба од страна на судија на претходна постапка, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, изврши претрес во неговиот дом и во автомеханичарски сервис ‘Веби Коч’ кој е исто така во негова сопственост”, рече Јанкулоска.
При претресот, додаде министерката, биле пронајдени и одземени: пушка, пиштол, рамки за автоматска пушка, рамки за пиштол, еден тромблонски додаток, држачи за куршуми и куршуми.
Одземените предмети ќе бидат предадени на вештачење во Оддел за криминалистичко-технички испитувања и вештачења, а до Основното Јавно Обвинителство – Скопје, ќе биде поднесена кривична пријава против лицето поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело “недозволено држење на оружје или распрскувачки материи”. крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.