Црна хроника
Полициски куршум заврши во тоалетот на општина Велес
Куршум испукан од полициски пиштол во средата заврши во просторија на Општина Велес. Настанот го потврдија и од полицијата и од Општината. Според првите станува збор за небрежност на полициски службеник кој чистејќи го службениот пиштол испукал еден куршум кој низ прозорецот од неговата канцеларија завршил во тоалетот на локалната самоуправа.
„Известени (за инцидентот) се Внатрешната контрола за професионални стандарди на МВР и Јавен обвинител, извршен е увид и се работи на расветлување на случајот”, рече Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.
Среќна околност е што во моментот просторијата била празна, инаку оваа небрежност на полицискиот службеник можела да има трагичен крај.
„Немилиот настан е откриен од вработен во локалната самоуправа кој влегол во тоалетот и најнапред забележал искршено стакло. а потоа и оштетен ормар. Настанот го пријавил кај колегите а потое бил пронајден и куршумот, веднаш е информирана полицијата која направи увид”,рече Мартин Мајсторов, портпарол на општина Велес.
Во последните десет години ова е прв случај на ваква небрежност на полициски службеник вработен во СВР Велес. Инаку полицијата и локалната самоуправа се сместени во иста зграда./крај/мф/лс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.