Црна хроника
Разбиена криминална група што шверцувала жив добиток во Албанија
Полицијата во четврток уапси осум од вкупно 13 осомничени членови на криминална група меѓу кои и полициски службеник, од Битола и Ресен, што криумчарела жив добиток од Македонија во Албанија, соопшти во петок министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
Од пријавените седум се со двојно македонско и албанско, тројца со македонско државјанство, сите од Ресен и Битола, и уште тројца се албански државјани кои се и организатори на групата.
Криминалната група од 2012 година организирала и се занимавала со купување, транспорт, складирање и криумчарење на телиња и јунци избегнувајќи ја полициската и царинската контрола од територијата на Македонија воАлбанија во близина на граничниот премин Стење. Добитокот го купувале од сточните пазари во Македонија во Битола и во Кривогаштани – Прилеп, по што со товарни моторни возила го транспортирале до штала во Битола, а потоа во шталата во колективниот прифатен центар „Царина” во село Стење, Ресен.
По ова истите откако ќе добиеле „одобрување” од полицискиот службеник вработен на ГП Стење, дека на зелената линија на македонско албанската граница нема полициски патроли, добитокот го прокриумчарувале од Македонија во Албанија од каде бил превземан од членовите на криминалната група од Албанија, транспортиран и продаван на пазарите во Тирана и други градови.
Министерката рече дека криминалците го купувале добитокот во Македонија по две евра од килограм, а во Албанија го препродавале за пет до шест евра по килограм. Со тоа, групата од 2012 година до сега се стекнала со пртивправна имотна корист од околу 20 милиони денари, а прокриумчарила вкупно 300 грла. крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.