Црна хроника
Вработени во Македонски шуми го оштетиле претпријатието за милион денари
Двајца вработени во ЈП Македонски шуми, подрачна единица Малешево – Берово го оштетиле претпријатието за над еден милион денари.
Г.А.(28) и Т.К.(43), двајцата од Берово, во периодот од јули 2012 до февруари 2014 година, врз основа на одобренија издадени од ШС„Малешево”-Берово за сеча на букова дрвна маса лажно изготвувале испратници со количина над дозволената, а испратниците ги потпишувале во име на сопствениците на парцелите.
На овој начин пријавените причиниле материјална штета на ШС „Малешево”-Берово и на сопствениците од парцелите во вкупен износ од 210.000 денари, од кои за себе противправно присвоиле 90.000 денари.
Во периодот од петти до десетти март, од страна на полицијата одземени биле 400 метри кубни букови дрва, кои биле сместени на повеќе локации во село Двориште.
Покрај ова, утврдено е дека пријавените иако секојдневно го забележувале транспортот и складирањето на огревните дрва истите не презеле соодветни мерки, со што го оштетиле ЈП „Македонски Шуми”-ШС „Малешево”-Берово за износ од 1.185.877 денари.
ПС Берово поднесе кривична пријава против Г.А. и Т.К. за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување” и „несовесно работење во службата”.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.