Црна хроника
Каменуван товарен воз во Скопје Север, повреден помошникот машиновозач
Непознати лица во петокот навечер пред влезот за ЖС-Скопје Север, го каменувале товарниот воз што сообраќај на релација Волково-Трубарево, при што едно лице е повредено.
Како што информираше полицијата, напаѓачите со камен скршиле едно стакло од вратата на кабина на локомотивата, при пто бил повреден помошникот машиновозач Т.С.(1966), кој со возило на Итна помош бил пренесен во Ургентниот центар.
Полицијата трага по напаѓачите. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.