Црна хроника
Девојка киднапирана од поранешниот љубовник
Дваесетгодишна девојка од радовишкото село Тополница била грабната од поранешниот љубовник од штипското село Калаузлија, сè додека по неколку дена не била пронајдена и спасена од нејзиниот татко.
Како што соопшти полицијата , 20 годишната Н.И. била грабната од нејзиниот поранешен љубовник М.И.(1979) во почеток на март, во временски период кога се одржувал Струмичкиот карневал, ноќта околу 02,00-03,00 часот.
Во моментот кога девојката излегла во дворот, поранешното момче и пришло од зад грб, ја фатил за уста, ја качил во комбе, по што изгубила свест, а потоа се разбудила во хотел, во близина на бензиска пумпа во Штип. М.И. ја повикал неговата мајка А.М., и сите заедно заминале во Скопје, за да и купат облека и била однесена во некој хотел во Скопје.Следниот ден Н.И. ја однеле во Битола, во село каде останале неколку дена во куќа, потоа се вратиле во Штип, и заминале во село на Планината Плачковица, за да повторно се вратат во Штип, на ул.„Карл Маркс” каде и останале да престојуваат, по што за цело време М.И. и упатувал сериозни закани по нејзиниот живот.
Во саботата околу 16,00 часот девојката била пронајдена од нејзиниот татко А.И. кој заедно со неговите роднини, при обид да ја извадат од куќата каде престојувала, дошло до конфликт помеѓу двете страни.
Увид на лице место извршила екипа на СВР-Штип, по што М.И. е приведен во ПС-Штип. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.