Црна хроника
Разбиена група што се занимавала со шверц на мигранти
Сузбиена и приведена е шестчлена група, која преку организиран меѓународен канал подолг временски период вршела криумчарење мигранти од соседна Грција преку Македонија кон Србија.
„Организатор на криминалната група е 38-годишно лице од Кавадраци македонски државјанин, кој заедно со 26 годишен државјанин на Пакистан, кој водено бил и барател на азил во Република Македонија кои со цел стекнување на противправна имотна корист и со умисла ја организирале групата која подолг период се занимавала со криумчарење на мигранти, почнувајќи од нивно прифаќање во Гевгелија, а потоа и нивно превезување до Скопје, односно Куманово, информираше министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
Кривичните дела биле подпомагани и од 39-годишниот полициски службеник Е.Б. вработен во Секторот за гранична контрола во регионалниот центар „Југ”, на граничниот премин Богородица, кој обезбедувал безбедно криумчарење на мигрантите од Грција во Македонија.
„За потребите на криминалната група тој вршел и извидување на теренот и определување на таканаречени безбедни термини, односно временски период и место, од каде што во координација со останатите членови на криминалната група вршеле прифаќање и превезување на мигрантите во саканиот правец”, истакна Јанкулоска.
Останатите членови на криминалната група С.Б. (39), М.Ф. (38) и А.К. (22), сите од Кавадарци, вршеле транспорт на мигрантите, по претходни упатства и насоки давани од организаторот У.В.
Мигрантите најчесто по потекло биле од Сирија, Авганистан, Пакистан, Судан и други змеји од блискиот и далечниот Исток. Истите веќе престојувале во Грција по основ на лица бегалци или лица баратели на азил.
Лицата, како што нагласи Јанкулоска, илеглано биле криумчарени во Македонија, со цел нивно натамошко криумчарење во Србија.
Во петокот криминалната група организирала прифаќање на 9 лица кои се сместиле во две возила за понатамошно превезување за цена од 120 до 150 евра по лице.
„Помеѓу деветте идентификувани мигранти од Авганистан, според првичните лични податоци, кои се дадени од страна на лицата идентификувани се и три деца на возраст од 10, 16 и 17 години. Од членовите на криминалната група со потврда, привремено се одземени три патнички моторни возила, телефонски апарати и СИМ картички за кои постојат основи за сомневања дека се предмет на кривично дело, информира Јанкулоска.
Во текот на денот, како што истакна, бил извршен претрес на домови на две локации во Кавадарци, по што до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, е поднесена кривична пријава за шестмината осомничени. Од страна на судија им е изречена мерка притвор”, информираше министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.