Црна хроника
Бугарка украла паричник во автобус на ЈСП
Дваесет и тригодишна бугарска државјанка во петокот во автобус на ЈСП ја искористила гужвата и украла паричник од чанта на една патничка.
Н.С.Т. од Бугарија на 28-ми овој месец во попладневните часови се качила во автобус на ЈСП, ја искористила гужвата и невниманието на една патничка и со протнување на рака во чантата што жената ја носела на рамото, украла паричник во кој имало пари, еден пар златни обетки и лични документи.
По извршената кражба Н.С.Т. се упатила кон предната врата на автобусот за да излезе, меѓутоа жената забележала дека и е украден паричникот при што еден од патниците кој стоел до неа и покажал кон Н.С.Т. дека истата и го украла. Оштетената се упатила кон предната врата и го побарала паричникот од пријавената, а таа го фрлила на подот и одговорила дека паричникот не се наоѓа кај неа.
Во меѓувреме друг патник ја пријавил кражбата во полиција и по доаѓањето на полициските службеници Н.С.Т. била симната од автобусот, приведена во полициска станица, а против неа е поднесена кривична пријава заради постоење основано сомнение дека извршила кривично дело „кражба”.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.