Црна хроника
Малолетник истепал возач на ЈСП
Седумнаесетгодишно момче нападнало возач на автобус на ЈСП бр. 57 во понеделник попладне.
Физичката пресметка настанала додека автобусот се движел во населба Капиштец, во близина на Агенцијата за вработување, а по претходна расправија за билет.
Кога П.П. (17) влегол во автобусот, возачот на автобусот побарал од него да покаже слободна карта или да купи возен билет, по што малолетникот му се обратил со погрдни зборови, а потоа и физички го нападнал удирајќи го тупаници во главата, при што му нанел тешки телесни повреди.
Полицијата го привела П.П. и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.