Црна хроника
Кривични пријави за 16 лица кои извршиле десетици кражби во Скопје и Тетово
Полицијата поднесе кривични пријави против шеснаесет лица од Скопје и Тетово, извршители на десетици кражби од возила, станови, куќи, продавници и разни објекти, соопшти Министерството за внатрешни работи.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Р.Х.(40), Р.К.(40) и Н.Р. (40) сите од Скопје, за сторени шест кражби и против З.И. (36) за „прикривање”, а судија им одреди притвор од осум дена.
Пријавените во периодот од јули 2013 до февруари 2014 година, на подрачјето на Центар, Карпош и Чаир ограбувале патнички возила и станови во кои влегувале преку незаклучени врати.
Првопријавениот Р.Х. украдените лап топ компјутери ги носел во сервисот за компјутери „Арена” во ТЦ „Чаирчанка” сопственост на З.И, каде му биле откупувани за пониски цени иако З.И. знаел дека поттикнуваат од извршени кривични дела.
Тетовската полиција поднесе кривична пријава против Н.Р.(30), З.С.(45), Ц.М.(48) сите од село Милетино за сторени четири кривични дела „тешка кражба” и пет кривични дела „кражба”. Во периодот од август 2012 до јануари 2014 година, на подрачје на тетовските села Блаце, Челопек, Радиовце и село Горно Седларце, пријавените со употреба на физичка сила извршиле тешки кражби и кражби во куќи, продавници, објекти, од каде одзеле златен накит, пари, добиток, дрва и друго, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 117.885 денари.
Исто така, СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.И.(30), Б.И.(29), М.Г.(22), тројцата од Тетово, А.Љ.(22) од село Пршовце, Р.А.(27) од село Одри, Ш.С.(33) од село Пршовце, Љ.С.(22), И.С. (22), двајцата од село Копанце и А.А.(32) од село Доброште, поради сторени 26 кривични дела, од кои 13 „тешки кражби”, седум „тешки кражби” во обид, пет дела „кражба” и едно „помагање”.
Во периодот од јануари 2013 до јануари 2014 година, пријавените делувајќи како криминална група делата ги сториле во куќи и помошни објекти лоцирани на потегот на селата Порој, Долно Палчиште, Јегуновце, Новаке, Шемшово, Слатино, Пршовце и Доброште со употреба на физичка сила и погодни предмети, од каде одземале злато и златен накит, пари, нафта, земјоделски машини, лични документи и друга разновидна техничка опрема и опрема за домаќинство, со што се стекнале со противправна имотна корист од околу 785.685 денари.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.