Црна хроника
Случај Ореше: На Петревски да му се суди во едно дело, бара одбраната
Во еден судски предмет на Ѓоре Петревски да му се суди и за убиството на Лазо Милошевски и за палењето на селската продавница, ова во вторник на рочиштето во Основниот суд во Велес го побара неговиот бранител.
„Од причина на целисходност побаравме овие две постапки се водат и с едонесе една единствена пресуда бидејќи така е по закон”, рече Коста Нојков, бранител на првообвинетиот.
Во делото за кое се бара спојување со овој предмет, второобвинетите браќата Јордан и Љубчо Ѓоргиевски немаат воопшто никаква допирна точка, но ако судот смета дека делата треба да се спојат, така ќе работиме велат нивните бранители, јави велешкиот портал Лисица.
„Навистина е потребно да се расчистат работите на почетокот за да знаеме во рамки на законот како да постапуваме понатаму”, рече Звонко Давидовски, бранител на второ обвинетите, браќата Ѓоргиевски.
Непотребно одолговлекување на судскиот процес, ваква е реакцијата на семејството на покојниот Милошевски. За нив најважно било да се докаже кој и зошто го убил Лазо.
„Јас сум сигурен дека државата работи правилно и ова дело ќе го заврши до крај”, рече Ацо Милошевски, син на убиениот Лазо Милошески
Шест години е активен во судот овој предмет. Изречени се три пресуди. Во првите две, второ обвинетите браќата Јордан и Љубчо Ѓоргиевски добија затворска казна во времетраење од по 12 години, додека третата откако заштитениот сведок „Бреза” јавно проговори, беше ослободителна. По жалба на Јавното обвинителство сите три пресуди Апелацискиот суд Скопје ги поништуваше.
Овој предмет не само што е познат како прв за платено убиство во Македонија, познат е и по тоа што претходниот судија, Јавниот обвинител и двајца адвокати беа обвинети за несовесно работење и примање поткуп за што изречени им се затворски казни од една до пет и пол години. /крај/лс/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Тетовец агресивно се однесувал со полицаец што вршел обезбедување на претседателските избори
Вчера, во 18.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово пред влезот на основно училиште во Тетово го привеле Ѓ. Ј. (37) од Тетово затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник што вршел обезбедување при одржувањето на претседателските избори.
По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.