Црна хроника
Полјаци украле автомобил во Скопје и ограбиле човек во Струга
Двајца полски државјани во саботата украле автомобил во Скопје и се упатиле кон Охрид. По неколку дена кај манастирскиот комплекс Калишта, му украле јакна на стружанец во која имало пари, мобилен телефон и лични документи, соопшти Министерството за внатрешни работи.
С.Ј.(23) и Ф.Д.Б.(20) на 29-ти март во Скопје украле автомобил „опел кадет” кое го забележале паркирано и необезбедено и се упатиле кон Охрид. По два дена, Полјаците застанале кај манастирскиот комплекс во Калишта и од повозрасен жител на Струга украле кожна јакна со 800 денари, еден мобилен телефон марка „самсунг” и лични документи.
По извршен претрес во апартманот во Охрид каде двајцата полски државјани биле привремено сместени, полицијата пронашла поголема количина на разни клешти, шрафцигери, алат за сечење стакло, „француски” клучеви и друг подесен алат.
На двајцата им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, а против нив се поднесени кривични пријави поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела дела „тешка кражба на дрзок начин” и „одземање на патничко моторно возило”.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.