Црна хроника
Жител на Лозово ’заработил’ 1.400 евра со лажно ветување за документи за работа во Шведска
Жител на општина Лозово измамил седум лица дека ќе им набави документи за работа во Шведска, за што тие му платиле по 200 евра, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Триесет идеветгодишен В.Е. од село Каратманово во периодот од септември 2012 до февруари 2014 година, измамил седум лица дека ќе им обезбеди документи за работа во Шведска, по што од истите во октомври, минатата година со писмен договор зел по 200 евра. Во февруари 2014 година им рекол дека може да заминат за Шведска, меѓутоа сами да го платат превозот и да носат со себе по 1.200 евра, а документите дека ќе ги добијат кога ќе пристигнат.
Полицијата против В.Е. поднесе кривична пријава за кривично дело „измама”./крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.