Црна хроника
Сопственици на угостителски објекти ја оштетиле зградата на Општина Карпош поради забрани за тенди
Двајца сопственици на угостителски објекти во среда ја оштетиле зградата на Општина Карпош поради известување од градоначалникот дека треба да ги отстранат незаконски поставените тенди, соопшти Министерството за внатрешни работи.
И.Т.(28) и С.Ѓ.(31), двајцата од Скопје, вчера околу 10 и 15 часот пред зградата на Општина Карпош го нарушиле јавниот ред и мир со карање и викање, а С.Ѓ. влегол во зградата и со спреј прскал по ѕидовите. Откако од страна на обезбедувањето бил спречен во натамошното оштетување, С.Ѓ. со рака скршил стакло од врата, по што се здобил со расекотина и бил пренесен во болница за укажување лекарска помош.
Како што информира МВР, причина за нарушувањето е тоа што двајцата биле сопственици на угостителски објекти, лоцирани на подрачјето на Карпош, а од градоначалникот добиле известување за отстранување на незаконски поставени тенди.
Случајот е расчистен и на лицата им се дадени платни налози за сторен прекршок./крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.