Црна хроника
Приведени двајца нарко дилери од Гостивар, запленети марихуана, екстази и кокаин
Двајца дилери од Гостивар се приведени во среда, во рамки на полициската акција „Мрежа“ за борба против уличната трговија со дрога. При претрес на куќа биле пронајдени четири килограми марихуана, 353 таблети екстази, 15 пакувања кокаин и две дигитални ваги, соопшти министерството за внатрешни работи.
Во текот на вчерашниот ден, полицијата извршила претрес во руинирана куќа во село Церово, Гостивар за која имала сознанија дека се собираат двајца улични дилери Б.Б. (28) и Б.А. (30) и дека ја користат како бункер за чување дрога при што се пронајдени и запленети четири килограми марихуана, 353 таблети екстази, 15 пакувања кокаин и два дигитални ваги.
Против дилерите полицијата поднесе кривична пријава поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”. Инаку и двајцата веќе се познати на службите на МВР како учесници во недозволена трговија со дрога.
До сега, во рамки на операцијата „Мрежа” во рок од една недела, приведени се над 30 лица и против нив се поднесени кривични пријави за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. При претресите кај дел од нив пронајдена е поголема количина наркотична дрога, марихуана, семки од марихуана, рачно изработени цигари од марихуана, екстази, неколку пакувања хероин, метадон и друго.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.