Црна хроника
Кумановец претепан со бејзбол палка на улица
Двајца кумановци со бејзбол палка нападнале нивен сограѓанин во четврток во кругот на Медицинскиот центар во Куманово. Повредениот со повреди на главата и нозете бил префрлен во Клиничкиот центар во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Вчера околу 10.30 часот во кругот на Медицинскиот центар во Куманово, 27-годишниот Б.Д. со уште едно непознато лице по кратка расправија со бејзбол палка го нападнале 52-годишниот А.Љ. удирајќи го во пределот на главата и телото при што му нанеле тешки телесни повреди.
Повредениот по укажаната лекарска помош во Медицински центар Куманово е пренесен во Клинички центар Скопје.
МВР соопшти дека причина за инцидентот биле нарушени семејни односи./крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.