Контакт

Црна хроника

Над 110 кривични дела евидентирани во Скопје за 12 дена

Објавено пред

Секторот за внатрешни работи Скопје во периодот од 28.03. до 09.04.2014 година документираше 112 кривични дела сторени на подрачјето на градот во различни реони, процесуирајќи 71 кривична пријава против 101 осомничено лице, соопшти во саботата МВР.

dobivaj vesti na viber

Конкретно, Отсекот за тешки кражби поднесе 16 кривични пријави против 20 лица за 19 расветлени кривични дела и тоа за дела како „тешка кражба“ , “тешка кражба”во обид, “прикривање”, “кражба” и други дела во ингеренции на отсекот за разбојништва и дрски кражби, отсекот за моторни возила и отсекот за џебни кражби.Одделението за малолетници поднесе 13 кривични пријави против 15 лица со што расветли  17 кривични дела и тоа “телесна повреда”,  “запуштање и малтретирање малолетно лице”, “загрозување на сигурноста”, “тешка телесна повреда”,  “насилство” и  “предизвикување општа опасност”.Канцелариите за криминалистички работи поднесоа вкупно 38 кривични пријави против 58 лица со кои се расветлени 68 кривични дела како “тешка кражба“, “кражби“ и “одземање на моторни возила“.Единицата за насилен криминал реализираше 21 кривично дело за што пријавени се 44 лица а поднесени се 19 кривични пријави. Поднесените пријави се за расветлени кривични дела “недозволено изработување и тргување до оружје и распрскувачки материјали”,  “тешка телесна повреда”,  “учество во тепачка”, “напад на службено лице при вршење работи на безбедноста”, “предизвикување општа опасност”, “насилство”, “противправно лишување од слобода”, “полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години”, “тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот” и “загрозување на сигурноста”.Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје реализираше две кривични дела за што кривично се пријавени две лица од Скопје, на двете лица им е одредена мерка притвор 30 дена. Едно од делата е во рамки на акцијата “Мрежа“ и истата е насочена против трговијата со наркотици. Досега во акцијата лишени од слобода се над 40 лица а запленета е поголема количина на наркотична дрога, само во последниот случај реализиран почетокот на неделата запленети се на 135 килограми наркотична дрога марихуана.Единицата за економски криминал и корупција поднесе една кривична пријави против едно лице за сторено кривично дело “бесправно градење“.Одделението за извршени увиди за сообраќајни незгоди поднесе 44 кривични пријави против исто толку сторители под основано сомнение дека истите сториле кривично дело од областа на сообраќајот и тоа 11 дела – “тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и 33 дела – “загрозување на безбедноста на сообраќајот“.Единицата за извиди и потраги лиши од слобода вкупно 21 лице кои се бараа од страна на Основен Суд Скопје 1 за различни дела и тоа: “злоупотреба на службена положба и овластување“, “задоволување полови страсти пред друг”, “кражба“, “тешка кражба“, “разбојништво”, “спречување службено лице во вршење службено дејствие”, “измама”, “прикривање” и “загрозување на безбедноста на сообраќајот”.Единицата за прв одговор и интервенција – алфа изврши легитимирање на 626 лица, 145 прегледи на ПМВ и приведе вкупно 203 лица.Меѓу покарактеристичните дела кои се расчистени е кривичната пријава против четири лица од Скопје одговорни за серија имотни деликти – А.Н. (20), кој извршил девет кривични дела од кои пет – “тешки кражби“ , две “тешки кражби во обид“и две “кражби“ (со мала материјална вредност кои се гонат по приватна тужба), М.М. (21), кој извршил 10 кривични дела од кои шест – “тешки кражби“, две “тешки кражби во обид“ и две “кражби“ (со мала материјална вредност кои се гонат по приватна тужба), потоа К.Т. (19) кој извршил три кривични дела, односно две “тешки кражби“ и една “кражба“ (со мала материјална вредност која се гонат по приватна тужба) и М.М. (22) за извршено едно кривично дело “тешка кражба“.Кривичните дела пријавените ги извршиле во текот на февруари и март годинава и тоа девет на подрачјето на Ѓорче Петров, во село Волково осум и по една во село Ново Село и на подрачје на Гази Баба во село Кадино. Притоа кривичните дела ги извршиле во различен состав при  што се стекнале со противправна имотна корист од околу 510.500 денари. Сторителите тешките кражби ги извршувале во ноќните часови, а додека две кражби се извршени  на пладне. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце

Објавено пред

Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.

dobivaj vesti na viber

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Топ

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Објавено пред

Радовишанец со месеци силувал малолетничка

dobivaj vesti na viber

Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз

Објавено пред

Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија38 минути

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија4 часа

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ4 часа

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија6 часа

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија7 часа

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија7 часа

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија8 часа

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија8 часа

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија8 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...

Македонија9 часа

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска, со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...

Македонија19 часа

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија20 часа

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија20 часа

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија20 часа

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија20 часа

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија21 час

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија22 часа

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија23 часа

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија23 часа

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија23 часа

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...