Црна хроника
Доживотен затвор за убиство со потпетици
Судот во Хјустон ја осуди во петокот на доживотен затвор 45-годишната Ана Трухиљо од сојузната американска држава Тексас, поради убиството на партнерот извршено во неговиот стан со потпетица долга 13 сантиметри.
Трухиљо пред судот се бранеше дека немала намера да го убие 59-годишниот Алф Стефен Андерсон, научник и професор на Универзитетот Хјустон. Изјавила дека убиството го извршила во самоодбрана, што е во спротивност со фактот дека Андерсон бил избоден со потпетицата во главата и во пределот на вратот дури 25 пати.
Државниот обвинител ја повика поротата да ја осуди Ана Трухиљо на казна доживотен затвор, максимална казна предвидена за убиство, со појаснување дека обвинетата го убила Андерсон а потоа се обидела да ја уништи неговата репутација со тврдењата дека ја злоставувал.
Одбраната тврдеше дека Трухиљо го убила Андерсон обидувајќи да се побегне по кавгата во која тој се обидел физичка да ја нападена. Според полициските записи, двојката ноќта пред убиството ја минала во еден од баровите во соседството и се вратиле околу 2 часот утрото. Трухиљо малку подоцна се јавила во службата 911 и пријавила напад.
Обвинителството во текот на процесот изведе докази според кои Трухииљо по убиството кое се случи во јуни 2013 година, немала никакви повреди, што нејзините адвокати го демантираа, а Андерсон, пак, имал повреди на рацете здобиени во обидот да се одбрани од шилестите „стилето” потпетици на неговата партнерка.
По четиричасовното советување, поротата ги прифатила аргументите на обвинителството, а не на добраната којашто тврдеше дека станува збор за злосторство сторено во афект за кој осудената би добила максимална казна од 25 години затвор.
По потекло Швеѓанец, Андерсон бил професор на универзитетскиот центар за нуклеарни рецептори и клеточни сигнали, специјализиран за репродуктивното здравје на жените./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со трактор излетал од коловоз, тешко повреден маж во Виничко
Вчера, во 17 часот, во Полициската станица Виница било пријавено дека во село Трстија, Виничко, трактор „фергусон“, со штипски регистарски ознаки, управуван од 63-годишниот С. Ј. од село Нов Караорман, општина Карбинци, излетал од коловозот, извести МВР.
„Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот, констатирани во Клиничката болница во Штип“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од екипа на ОВР Виница.