Црна хроника
Државен службеник примал поткуп за злоупотреба на земјоделски субвенции
Вработен во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој примил поткуп од 200 евра со ветување за доделување субвенција за купување трактор.
Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против 34-годишниот Д.Р. од Скопје, вработен во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за сторено кривично дело „примање награда за противзаконито влијание”.
Случајот, од страна на оштетеното лице на 18-ти минатиот месец бил пријавен во полиција, а завчера (14.04.), осомничениот околу 20 часот остварил средба со оштетениот во угостителски објект лоциран во населба Аеродром, при што покрај потребната документација за добивање субвенции за купување на земјоделска механизација – трактор ја примил и претходно побараната парична награда во износ од 200 евра, кои потоа заедно со документите ги ставил во бела папка.
Веднаш потоа, полицијата извршила претрес кај државниот службеник и во белата папка биле пронајдени четири банкноти во апоени од по 50 евра кои претходно биле технички обработени како и документацијата во фотокопија.
Судот му одреди притвор од осум дена на службеникот.
Неодамна МВР спроведе слична акција под име „Тера’ во која беа уапсени седум вработени во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој кои во период од 2008 до 2010 година во повеќе наврати злоупотребиле субвенции за сточен добиток предвиден во програмите за финансиска поддршка во земјоделието. На овој начин пријавените службени лица, на сопствениците на стадото им овозможиле да прибават противправна имотна корист во износ од 3.357.226 денари на штета на Буџетот на Р.Македонија и Агенцијата.
Инаку, во рамки на борбата против организираниот криминал и корупцијата, од 2006 година наваму биле опфатени поголем број односно над 450 новоименувани, актуелни државни функционери или службеници, во 50-тина разни случаи. Само во изминативе неколку месеци од годинава, МВР поднесе осум кривични пријави кои се однесуваат на разни коруптивни кривични дела.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.