Црна хроника
Поднесени 315 претставки за работата на полицајците во првите три месеци од 2014
Во првите три месеци од годинава, граѓани и правни лица поднеле 315 претставки за неправилности извршени од страна на вработени во Министерството за внатрешни работи, од вкупно 399 случаи за кои се вршени проверки.
Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди, во првите три месеци од 2014 година преземаше мерки за проверка на 399 случаи на посочени пречекорувања на овластувања и злоупотреби на службената положба и овластување на службени лица.
Од нив, 315 се предмети кои се постапувани врз основа на добиени претставки од граѓански и правни лица во кои се посочени неправилности извршени од страна на вработени во МВР, a останатите се по добиени известувања, сознанија и друго.
По преземените мерки против 58 службени лица поведена е постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина. Против осум вработени е изречена задолжителна мерка непосредниот раководител да поднесе предлог до Министерот за внатрешни работи за донесување на Решение без водење на посебна постапка пред Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност.
Против 48 лица е изречена мерка-укажување. Против шест вработени е изречена мерка покренување на постапка за надомест на штета-материјална одговорност, а поднесени се и четири кривични пријави против пет вработени во МВР за сторени пет кривични дела, од кои три кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување” и по едно кривично дело „несовесно работење во службата” и „фалсификување службена исправа”.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.