Црна хроника
Нападнале фудбалски судија поради тоа што не доделил црвен картон
Во саботата во село Обршани, прилепско, за време на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „Обршени” од село Обршани и ФК „Динамо” од село Мажуриште, настанала вербална расправија помеѓу играч од ФК„Обршани” Ѓ.Б.(19) и К.Н.(23) од ФК„Динамо”, по што судијата К.С.(24), откако не му дал црвен картон на Ѓ.Б. бил физички нападнат од З.Н. (47), по што натпреварот бил прекинат.
Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.