Црна хроника
Со пластична туба украл 40 литри нафта
На 16.04.2014 година од страна на ЕОК-ОИД – отсек за дрски и разбојнички кражби до надлежното ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против лицето А.Ф. (46) од Скопје поради основано сомнение дека извршил едно кривично дело – “разбојничка кражба”.
Имено, пријавениот кривично дело го извршил на ден 15 овој месец на подрачје на ПС ОН Центар во попладневните часови на тој начин што дошол со своето ПМВ и од истото извадил една пластична туба и погоден алат со кои од ТМВ-Волво одзел околу 40 литри нафта.
Во моментот кога ја ставал пластична туба со украдената нафта во неговото возило, бил забележан од страна на оштетениот, при што А.Ф. го стартувал возилото и со голема брзина се упатил кон излезот на плацот.
Оштетениот застанал пред него, се обидел да го сопре за да си ја поврати одземената нафта, меѓутоа пријавениот ја зголемил брзината и директно се упатил кон оштетениот, кој што инстинктивно скокнал преку хаубата и попатно бил закачен на левата потколеница.
Пријавениот при тоа удрил во друго возило кое било паркирано и со голема брзина заминал во правец на бензинската пумпа а оттаму во непознат правец. Неколку часови после извршувањето на кривичното дело од страна на ЕПОИ- Алфа А.Ф: е лишен од слобода и приведен во ПС ОН Центар каде е извршен разговор со него, во кој разговор во целост го појасни начинот на извршување на кривичното дело.
Исто така во службените простории на ПС од ОН Бит Пазар извршено е непосредно препознавање при што оштетениот со сигурност го препозна лицето А.Ф. како сторител на кривичното дело. Пријавениот е регистриран сторител на кривични дела од областа на имотните деликти и на истиот му се изречени осум затворски казни и една парична казна./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.