Црна хроника
Пробиштипјанка лажно пријавила кражба на два златни прстена
СВР-Скопје до надлежното Основното јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава против 19-годишна девојка од Пробиштип поради основано сомнение за сторено кривично дело “лажно пријавување на кривично дело”, бидејќи таа на 7-ми овој месец лажно пријавила кривично дело наводно извршено од страна на две непознати лица.
Имено, на посочениот датум пријавената се јавила во Центарот за известување и команда и лажно пријавила дека истиот ден околу 18,30 часот од страна на две непознати лица на подрачје на Гази Баба пред продавницата за авто делови “Оптикооп”, извршено и е „разбојништво” при што и’ се одземени два златни прстена и околу 200 денари.
Со цел утврдување на фактичката состојба полициските службеници од ОИД – отсек разбојништва во консултација со ЈО презедоа низа мерки и активности при што обезбеден е прегледан и анализиран видео записот од безбедносните камери поставени на објектот од продавницата за автоделови „Оптикооп” при што утврдено е дека девојката со иницијали О.П. на тоа место и во тоа време била сама и дека врз неа не е извршено кривично дело „разбојништво”.
По извршениот преглед и анализа на видео записот од безбедносните камери во ПСОН Гази Баба извршен е службен разговор во кој О.П. го признала делото, при што појаснила дека лажно пријавила кривично дело со цел да не дознае нејзината мајка дека парите кои претходно и’ биле дадени за да ги уплати во авто школа за полагање возачки испит ги потрошила за други потреби, а додека златните прстени ги продала во златарница во Скопската чаршија и парите ги уплатила во авто школата./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.