Контакт

Црна хроника

Тројца Македонци и еден Грк криумчареле сомалиски, авганистански и сириски мигранти

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи реализираше три одвоени случаи на криумчарење мигранти, при што против четири лица од кои тројца македонски и еден грчки државјанин до надлежното Основното јавно обвинителство поднесени се кривични пријави за сторено кривично дело – „криумчарење мигранти”.

dobivaj vesti na viber

Во рамки на расчистувањето на овие случаи беа откриени пет сомалијски државјани, шестмина авганистански и четворица сириски државјани коишто се пренесени во Прифатниот центар за странци.

Во првиот случај кривично пријавени се Р.Д. (41) од Шуто Оризари и М.А.(19) од Штип кој за надомест од 40 евра во договор со првопријавениот требало со автомобил „фиат крома” со скопски регистарски таблички да пренесе четворица Сиријци на возраст од 27 до 22 години од месноста Ребровски плантажи преку валандовско до Струмица.

Од страна на полициски службеници во Валандово, М.А. е спречен во обидот и приведен, а набргу потоа приведен е и Р.Д., додека сириските државјани се пренесени во Прифатниот центар за странци во Скопје.

Во вториот случај кривично пријавен е 23-годишниот М.И. од Валандово кој се обидел од село Марвинци до Скопје, односно до Куманово, со возило „голф 3″ со скопски регистарски таблички да превезе шестмина државјани на Авганистан на вопзраст од девет до 30 години, кои илегално влегле во Македонија од соседна Грција, со намера преку Србија да заминат во западноевропските земји.

Пријавениот бил откриен од полициски службеници на БПСА Демир Капија, и од страна на судија за претходна постапка му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена, додека илегалните мигранти се пренесени во Прифатниот центар за странци.

И во третиот случај кривично е пријавен грчкиот државјанин Т.Ц. (42) кој со камионет „мерцедес спринтер” во посебно направен бункер се обидел да пренесе петмина Сомалијци на возраст од 24 до 32 години од Грција преку Македонија до Италија.

Инаку, досега во текот на годинава откриени и расчистени се 24 кривични дела „криумчарење мигранти” за кои се осомничени 40 сторители, како и шест кривични дела „организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе и криумчарење мигранти” за што кривично се пријавени 14 сторители. Истовремено во рамки на овие полициски акции индентификувани се 144 илегални мигранти.

Како резултат на зголемениот притисок од илегално миграциско движење од Блискиот и Далечниот исток преку Турција и Грција, Македонија изминатите години бележи континуиран пораст на бројот на откриени илегални мигранти кои најчесто транзитираат на нејзината територија во обидот да влезат во некоја од земјите членки на Европската унија.

Заради континуирано зголемување на бројот на откриени илегални мигранти на територијата на Македонија, МВР – СГРМ се соочува со извесни потешкотии при справување со ваквата појава, особено поради недостаток од соодветни сместувачки капацитети како и потешкотии кои се однесуваат на процедурите за враќање.

Прифатниот центар за странци лоциран во Гази Баба, во надлежност на Министерството за внатрешни работи, е единствен сместувачки капацитет за странци во моментот за потребите на Министерството за внатрешни работи во целост.

Во текот на 2012 во Прифатниот центар биле сместени вкупно 436 странски државјани (355-мажи, 81-жени, а меѓу нив 66 малолетни лица), и тоа најмногу од Авганистан-145; Пакистан-127 лица; Сомалија-38; Мароко-14; Алжир-10 лица и Сирија- пет лица. Во центарот во 2012 година биле сместени и лица од Албанија, Косово, Бугарија, Бангладеш, Еритреа, Египет, Судан, Коморе, Тунис, Гвинеја, Србија и други земји.

Минатата година пак Прифатниот центар биле сместени вкупно 573 странски државјани (511-мажи, 62-жени, меѓу нив 80 малолетници), а и лани најмногу од мигрантите биле од Авганистан-125; Пакистан-72; потоа Сирија-65; Сомалија-43; Бангладеш-33 лица; Сенегал-25, како и државјани на Того, Бенин, Танзанија, Руанда, Грузија, Камерун, Судан, Сиера Леоне, Гамбија, Гвинеја, Мароко и други.

Годинава, односно во текот на првите три месеца од 2014 во Прифатниот центар за странци биле сместени вкупно 203 странски државјани (162-мажи, 41-жена, а меѓу нив 34 малолетни лица). Според националноста најмногу биле од Сирија-81 лице; Авганистан-59; Албанија-14; Еритреа-13; Сомалија-9; Паксистан-седум лица, како и државјани на Конго, Косово, Буркина Фасо, Камерун, Мароко, Палестина, Бангладеш, Бугарија, Турција и др.

Во моментов во Прифатниот центар има 70 странски државјани од кои 28 лица се од Авганистан, 21-Сирија; деветмина од Сомалија, четворица од Алжир , пет лица од Еритреа, и по едно лице од Конго, Албанија и Пакистан./крај/мф/бс

Црна хроника

Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно

Објавено пред

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.

dobivaj vesti na viber

Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка

Објавено пред

Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради  „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.

dobivaj vesti na viber

На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.

На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Се степале вработени во болница во Карпош

Објавено пред

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.

dobivaj vesti na viber

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги утврди пратеничките листи за изборите: „Се работи за луѓе со кредибилитет, искусни и енергични“

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржаа седница на која беа усвоени пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претстојните...

Македонија8 часа

Села оди во коалиција со Ахмети

На седница на Централното собрание на крилото на Алијансата за Албанците предводено од Зијадин Села, беше одлучено да коалицираат со...

Македонија10 часа

Македонија треба да и’ врати 2,2 милиони евра на Европската Комисија кои биле злоупотребени преку „Еразмус“

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара Македонија да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“. Директорот на...

Македонија11 часа

Вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, ќе добијат можност да се вратат во фабриката, новите газди со производството почнуваат во јуни

Речиси 600 вработени во кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“ ќе добијат можност повторно да се вратат на работа во следните 90...

Македонија12 часа

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на...

Економија14 часа

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ15 часа

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија15 часа

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....

Економија15 часа

„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на...

Македонија18 часа

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет18 часа

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет18 часа

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско, каде што мостот...

Македонија18 часа

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...

Регион19 часа

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...

Свет19 часа

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Рускиот претседател Владимир Путин ги осуди обвинувањата на Западот дека Русија планира да се бори против Европа. Ги нарече „целосна...

Свет19 часа

Маж во Илиноис уби четири лица и избоде петмина, нападот траел 20 минути

Четири лица загинаа, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен е уапсен. Полицијата, исто така,...

Македонија1 ден

Турската демократска партија се приклучува на Европскиот фронт, Ахмети: Овој сојуз е историски

По потпишувањето на коалицијата за Европскиот фронт со ДПА на Мендух Тачи, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, ПДЕ на...

Македонија1 ден

Тошковски: Ќе сторам сè МВР да гарантира организирање на безбедни избори

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на панел дискусија „Зајакнување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните...

Македонија2 дена

Дисциплински постапки за петмина полицајци за пукањето пред тетовската болница

Поднесени се две две кривични пријави од СВР Тетово против М. Т., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор...

Македонија2 дена

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: коалицијата „Храбро за Македонија“ нема да поддржи уставни промени ниту пред ниту по изборите

Политичките партии Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) денес се здружија во...