Црна хроника
Кривична пријава за крадец на свеќи и храна од цркви во радовишко
Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против Б.К. (21) од село Дамјан, радовишко, кој крадел свеќи и храна од цркви и манастири, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Во периодот од декември 2013 до февруари 2014 година, пријавениот ги извршил кражбите во манастирите „Св. Кристофер” во село Крсотар, „Св. Преображение” во село Буково и во црквата „Св. Јован Крстител” во Битола, од каде што одзел свеќи и храна, нанесувајќи материјална штета од 6.500 денари.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.